ФОТО | Роберт де Ниро за прв пат виден во јавноста по смртта на неговиот внук (19 г.) – објавени и првите причини за ‘трагичниот’ настан

Младиот Леандро Де Ниро Родригез, внук на познатиот холивудски актер Роберт де Ниро, беше пронајден мртов во неговиот стан во Њујорк, а веста за неговата смрт претходниот ден ја соопшти Дрена Де Ниро, ќерката на славниот актер.

Извори блиски до магазинот TMZ изјавиле дека истрагата е во тек и сите докази укажуваат на тоа дека 19-годишниот внук на Роберт Де Ниро починал од предозирање со дрога. Како што пренесува TMZ, покрај телото биле пронајдени неколку опијати и комплет за употреба на дрога.

Според Daily Mail, ожалостениот Роберт Де Ниро бил виден како пристигнува во капела во Њујорк во понеделникот вечерта по ненадејната смрт на неговиот внук тинејџер. 79-годишниот актер бил виден како носи капа и медицинска маска за лице додека го напуштал својот дом и се качил во црн џип што го однел до погребната куќа т.е. капела „Френк Е. Кембел“, само неколку блока подалеку од неговиот стан.

Роберт Де Ниро пристигнал во капелата заедно со родителите на неговиот внук, посвоената ќерка на актерот Дрена Де Ниро и уметникот Карлос РодригезДрена Де Ниро ја објави потресната вест по посетата на капелата, откривајќи дека го држела телото на Леандро за „последен пат“ и дека тој „не заслужил вака да умре“.

Да потсетиме, Леандро Де Ниро Родригез полицијата го пронашла како неподвижно седи на стол во неговиот стан во Њујорк во неделата попладне. Во официјалниот извештај нема знаци на напад, ниту насилна смрт. Имено, внукот на Роберт Де Ниро прв го пронашол пријател кој не се слушнал со него неколку дена и кој дошол во неговиот стан да провери дали е се во ред со него.

Во понеделникот, како дел од официјалното обраќање до медиумите, Роберт Де Ниро кажа дека е длабоко потресен од смртта на неговиот сакан внук.