ФОТО | Синот на Новак Ѓоковиќ целосно ‘скршен’ по поразот на татко му: Малиот Стефан е хит на социјалните мрежи поради гримасите на неговото лице

На трибините како и во претходните натпревари, така и во финалето на Вимблдон беше синот на Новак Ѓоковиќ, малиот Стефан кого камерата неколку пати го фати како „тагува“ поради ситуацијата на теренот каде што на Новак Ѓоковиќ не му одеше.

Започна добро откако Новак Ѓоковиќ го освои сетот за 1:0, но Карлос Алкараз потоа го подигна нивото на својата игра и гледавме голема борба.

За Карлос Алкараз ова беше втора Грен Слем титула во кариерата откако претходно го освои УС Опен минатата година и прва на Вимблдон. Новак Ѓоковиќ остана на своите 24 со кои секако е рекордер пред Рафаел Надал кој има 22 и Роџер Федерер 20.

Стефан Ѓоковиќ