Вработените од сите сектори се собраа да се спротивстават на планот за реформи што го објави Владата во јануари
Околу 3,5 милиони луѓе учествувале на протестите во Франција вчера, на шестиот ден од мобилизацијата против плановите за пензиските реформи, соопштија од Генералната конфедерација на трудот.
Вработените од сите сектори се собраа да се спротивстават на планот за реформи што го објави Владата во јануари.
Генералната конфедерација на трудот (CGT) посочи дена на протестите на улиците низ Франција биле присутни 3,5 милиони демонстранти, додека Министерството за внатрешни работи соопшти дека дел од протестите биле 1,28 милиони луѓе, објави дневниот весник „Ле Фигаро“.
Бројката на Министерството е малку повисока од претходните протести против реформите, што се одржаа на 31 јануари, кога според Министерството, учествувале 1,27 милиони луѓе.
Плановите за реформи, кои предизвикаа гнев во јавноста, вклучуваат зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години во 2030 година и најмалку 43 години работен стаж за квалификување за целосна пензија.
TRT Balkan