Хозе Муника на смртна постела: „Најсиромашниот претседател на светот“ ги живее своите последни денови
Тој е на палијативна нега за да не трпи болка, изјави вчера неговата сопруга за локалните медиуми.
Во јануари, 89-годишниот претседател, икона на левицата во Латинска Америка, откри дека неговиот рак, дијагностициран во мај 2024 година, се проширил и дека неговото старо тело повеќе не може да ги издржи третманите.
„Ракот на Хозе Мухика е во терминална фаза“, изјави неговата сопруга, поранешната потпретседателка Лусија Тополански, во интервју за Радио Саранди кое беше објавено вчера.
Таа додаде дека прави сè што е можно за нејзиниот сопруг да може да ги живее своите последни денови – најдобро што може.

Отсуството на поранешниот лидер на Уругвај (2010-2015) беше забележливо за време на регионалните избори одржани во неделата, по кои левицата ја задржа власта во главниот град Монтевидео.
Во неделата, сегашниот претседател Џамандо Орси, штитеник на Мухика, повика на почитување на приватноста на поранешниот герилец.
„Сите треба да се грижиме во секоја фаза од нашите животи, достоинството да биде клучно. Не треба да се нарушува, треба да се остави на мира“, рече тој.
Хозе Мухика, познат по прекарот Пепе, стана светски познат по отфрлањето на политичките и општествените конвенции.
За време на неговиот мандат како шеф на Уругвај, мала јужноамериканска земја со 3,4 милиони жители, сместена помеѓу Бразил и Аргентина, тој живеел скромно.
Застапник на едноставноста и штедливоста, тој одбиваше да живее во претседателската палата, возеше стар „бубач“ на Фолксваген и претпочиташе да остане на својата скромна фарма во близина на Монтевидео.
Тој стекна популарност поради својот директен и искрен говор, честопати без влакна на јазикот.
Тој беше застапник на многу прогресивни мерки за Латинска Америка, вклучувајќи ја и легализацијата на канабисот во 2013 година – првпат во светот, како и легализацијата на абортусот и истополовите бракови.
Бидејќи речиси целата негова претседателска плата одеше во програми за социјално домување, тој го доби прекарот „најсиромашниот претседател на светот“.