Холивудските сценаристи штрајкуваат за првпат по 15 години

Здружението на сценаристите на Америка (WGA) објави дека неговите 11.500 членови ќе стапат во штрајк откако пропаднаа преговорите со студиските компании за платите.

Одлуката на сценаристите за штрајк следи по неуспешните преговори за зголемување на платите и споделување на профитот со Здружението за филм на Америка (MPAA), кое претставува повеќе од 350 продукциски компании, вклучувајќи ги Дизни и Нетфликс.

WGA објави дека преговорите со продуцентските компании, кои траеја околу шест недели, не понудија решение за кризата со која се соочуваат сценаристите во услови на рекордно висока инфлација.

Штрајкот најавен од WGA треба да започне во денес попладне и може да предизвика одложување на филмските проекции.

Последен пат холивудските сценаристи штрајкуваа во 2007 година, а стодневниот прекин на работата предизвика загуба од околу две милијарди долари.

Сценаристите говореа за потешки услови за работа и помали плати во последните неколку години поради брзиот раст на годишната продукција на телевизиските серии и филмови, а WGA вели дека писателите ќе се соочат со „егзистенцијална криза“.

ИЗВОР: ТРТ Балкан