Хорор во Никшиќ: Уапсен полицаец – На човек му скршил три ребра!?

Полицаец е уапсен во Црна Гора и е осомничен дека злоставувал лице во Никшиќ.

Како што се наведува во полициското соопштение, полицијата во Никшиќ на 12 април од страна на полициски службеник бил известен дека му е потребно возило за извршување на службено дејствие, лишување од слобода и приведување лице.

-На местото на настанот е упатена интервентна единица која во службените простории на Одделението за обезбедување Никшиќ донела лице кое побарало лекарски преглед, кое било одобрено и е пренесено во Медицинскиот центар Никшиќ. Констатирани му се тешки физички повреди – три скршеници на ребрата – се наведува во соопштението.

Како што понатаму наведуваат, за сè е известен надлежниот обвинител во Основното државно обвинителство во Никшиќ, по чија наредба се преземени дополнителни мерки и дејствија.

– Според исказот, повредите ги добил кога по кратка вербална расправа, полицаец физички го нападнал и го соборил на асфалтната површина, по што му задал уште два удари во пределот на телото – додаваат во соопштението.

– Преземајќи активности од нивна надлежност со цел утврдување на сите околности и факти и расветлување на настанот, полициските службеници прибраа информации од повеќе сведоци на настанот, а извршија и прегледување на повеќе записи од видео надзорот. Списите на предметот се доставени до в.д. обвинител кој го квалификувал како кривичното дело ,,Злоупотреба во врска со кривичното дело тешка телесна повреда” и наредил полицискиот службеник да биде лишен од слобода – наведуваат во соопштението.

Полицаецот е лишен од слобода и со кривична пријава ќе биде изведен на понатамошна надлежност кај в.д.

Како што додаваат од полицијата, непосредниот надзорник ќе поведе поведување на дисциплинска постапка против споменатиот полициски службеник, а списите на предметот ќе бидат испратени до Одделот за внатрешна контрола на полицијата.