Хулигани во Косово уништија мурал со ликот на Новак Ѓоковиќ: Неговото лице го нема, но моќната ПОРАКА ОСТАНА! 

Во текот на ноќта вандали уништија мурал со ликот на Новак Ѓоковиќ во Ораховац.
Српскиот тенисер го доби муралот во март минатата година, со кој започна проектот „Боја во воздухот“ во организација на „Амиќи ди Дечани“.

До него на српски и на италијански беше напишана порака: Нема враќање назад, дури ни за да се фати залет.

На некој сепак му пречел, па решил да ја истури белата боја и да ја уништи. Сторителите засега се непознати.