Целосно гол грб, висок шлиц и длабоко деколте: Џенифер Лопез отиде чекор понатаму со провокациите (фото)
Пејачката и актерка Џенифер Лопез не престанува да изненадува со своите најави и појавувања на различни настани. Иако сè уште емотивно се опоравува од разводот со Бен Афлек, со кого очигледно љубовта не е судено, Џенифер не дозволува да „потоне“.
Веќе неколку пати можевме да заклучиме дека таа инсистира на „одмазднички“ изданија и дека пораката за Бен е јасна: „Еве што губиш“, но некои би рекле дека токму тоа и’ требало и дека „старата Џеј Ло“ се враќа.
Овојпат таа отиде чекор понатаму во однос на стајлингот. Џенифер е личност која има и подеми и падови на настани и црвени теписи, а во последно време нејзиниот стилист точно знае што прави. Таа блескаше во црн светкав фустан, но далеку од обичен.
Џенифер носеше фустан кој нагласуваше сè – од половината, до деколтето, целосно гол грб и висок шлиц на грбот. Значи, комплетноста се предаде на сексапилноста. За да има уште поголем одек, Џеј Ло се фотографирала во овој фустан, со уредна коса и шминка, и со високи потпетици, во кујната додека наводно си подготвувала оброк по „лудата ноќ“ на забава.