Цело семејство отруено од месо! Добиле „мозочен црв“ бидејќи јаделе специјалитет од ова животно

Шест членови на едно семејство во САД биле заразени со тихиноза, паразитска болест позната како „мозочен црв“, откако јаделе месо од црна мечка, соопшти Центрите за контрола и превенција на болести.

Еден член на семејството претходно ја ловил мечката и мислел дека месото е безбедно за јадење бидејќи го чувал во замрзнувач 45 дена пред да биде послужено во јули 2022 година, пишува Њујорк пост.

ЦДЦ соопшти дека месото би било безбедно доколку се готви на температура од околу 70 степени Целзиусови.

„Месото првично беше случајно послужено сирово, наводно поради неговата темна боја, што му отежна на семејството да го процени нивото на подготвеност“, се вели во соопштението на ЦДЦ.

Тројца членови на семејството се хоспитализирани, а сите шест оздравени.