Цеца на балкон во бикини, а папараците само ја сликаат: Вака ужива пејачката во Кипар, погледнете ја вилата од 400 квадрати
Локалните папараци ја уловија Светлана Цеца Ражнатовиќ во нејзнината вила на Кипар.
Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ со години одмара во семејната куќа на Кипар, која ја купила благодарение на пријател кој и донел слики од имотот.
Куќата има 400 квадратни метри и се наоѓа веднаш до морскиот брег во Аја Напа, а во дворот има огромен базен во кој уживаат членовите на семејството Ражнатовиќ и нивните пријатели. На последниот кат од прекрасната вила има мал базен, две џакузи и соба за масажа. Сега домашните папараци ја уловија како се релаксира на тераса.
Цеца уживаше во зајдисонцето, на сосема лежерен начин – со пунџа на главата, во костим за капење, но и со наочари за да може подобро да го користи таблетот. Пејачката не беше сама, друштво и правеше нејзината сестра Лидија.
Мештаните имаат само пофални зборови за пејачката:
„Најпознатата Србинка во Кипар е Цеца! Таа со години доаѓа на ова место со децата и семејството – и не е чудно кога има убава куќа токму тука. Често купува овошје од мене, а јас играм на некои од нејзините песни во продавницата би сакал да одам на нејзиниот концерт, да ја слушнам во живо Нејзината куќа е атракција за туристите од Србија, тие често доаѓаат да се сликаат пред неа“, вели продавачката.
Погледнете ја Цеца:
А како изгледа внатрешноста на нејзината палата: