Цеца останува во Ѕвездите на Гранд! Се договири со Саша Поповиќ: Ова е хонорарот кој ќе го заработува од септември

Цеца Ражнатовиќ потпиша договор со продукцијата за уште три сезони, што значи дека, ќе биде член на жирито во Ѕвездите на Гранд до финалето во 2027 година.

Како што пиишуваат српските медиуми, Цеца нема да седи во жирито за сегашниот хонорар од 600.000 евра, односно 200.000 евра по сезона. Тоа ќе биде значително повисоко од септември.

– Во првиот договор една од клаузулите беше дека доколку се надминат очекувањата на Цеца, хонорарот во следниот договор ќе биде за 30 отсто поголем. Тоа значи дека Цеца повеќе нема да добива 200.000 евра по сезона, туку 260.000 евра. Тоа дополнително значи дека за три сезони нема да земе 600.000, туку 780.000 евра – открива извор за Телеграф.рс.

Да потсетиме Цеца е во жирито од септември 2021 година.