Цеца Ражнатовиќ ја објави првата слика со Анастасија и Немања од свадбата: Им се обрати со емотивни зборови (фото)

Анастасија Ражнатовиќ и нејзиниот сопруг Немања Гудељ склучија граѓански брак на 28 мај, а сега се огласи Цеца Ражнатовиќ која ја објави првата слика од интимната прослава.

Имено, прославата се одржа во домот на Ражнатовиќ на Дедиње, а сè се одвиваше во строга тајност.

Цеца сега за првпат се огласи на мрежите каде објави слика на која позира со ќерката и зетот по свадбената церемонија и порача:

– Засекогаш да сте ми среќни – напиша таа и додаде емотикон од срца, шампањ…

Цеца блескаше во ултра краток фустан обложен со цвеќиња, кој ги истакна нејзините долги и извајани нозе.