Чаби Алонсо нов тренер на Реал Мадрид?

0

Реал Мадрид веќе избра нов тренер, бидејќи е извесно дека Карло Анчелоти ќе го напушти Сантијаго Бернабеу по крајот на сезоната.

Тригодишниот договор на искусниот 64-годишен италијански стручњак истекува следниот јуни и нема да биде обновен.

Наместо тоа, Анчелоти ќе ја преземе репрезентацијата на Бразил, што беше најавено претходно.

Негов наследник во „кралскиот клуб“ ќе биде Чаби Алонсо, пренесува шпанската „Радио Марка“.

Актуелниот тренер на Баер Леверкузен одлично притиска со „фармацевтите“ во Бундеслигата и оваа сезона би можел да го симне од тронот Баерн Минхен.

Алонсо во кариерата играше за Реал и е многу запознаен со начинот на работа во клубот.