Челзи му плати 100 милиони евра, а сега тој се префрли од фудбал на атлетика и сака да оди на Олимписките игри

Кога Челзи плати дури 100 милиони евра за Михајло Мудрик во јануари 2023 година, малкумина можеа да замислат дека само две години подоцна неговата кариера ќе тргне по сосема поинаков пат.

Од статусот на најголема надеж на украинскиот фудбал и една од најголемите млади ѕвезди во Европа, Мудрик заврши суспендиран поради допинг, а сега ја шокираше спортската јавност, откако реши да ја замени фудбалската топка со спринт патеки.

Неговата нова цел е да се натпреварува на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година, каде што сака да ја претставува Украина во атлетика.

Мудрик моментално тренира со украинскиот спринтерски тим, под надзор на поранешни олимписки спортисти. Неговиот физички потенцијал и природна брзина го привлекоа вниманието на атлетските експерти, кои веруваат дека би можел да постигне извонредни резултати.

Станува збор за фудбалер кој го сруши рекордот за брзина на своето деби во Премиер лигата, достигнувајќи брзина од 36,67 км/ч во дресот на Челзи. Токму оваа експлозивност сега сака да ја претвори во врвни резултати во спринтот и, како што вели, во олимписки медали.

Во декември 2024 година, за време на рутински допинг тест, Мудрик беше позитивен на забранета супстанца, тврдејќи дека не ги користел свесно. Доколку се докаже дека е виновен, се соочува со четиригодишна суспензија, но засега нема нови информации за тоа колку долго ќе биде надвор од терените.

Сепак, патот до Лос Анџелес 2028 нема да биде лесен. Мудрик ќе мора да ги исполни строгите стандарди на Светската атлетска федерација и да се избори за национални квалификации во 2027 година.