Фудбалерите на Арсенал го победија Манчестер Јунајтед со 1:0 на „Олд Трафорд“ во првото коло од Премиер лигата, со што ја започнаа новата сезона на најдобар начин.
Мбеумо ја имаше првата шанса на натпреварот, но Раја добро интервенираше, а во 13-тата минута Арсенал поведе. Рајс шутираше од корнер, Бајиндир лошо реагираше при шутирањето, а Калафиори се најде на вистинското место и ја смести топката во мрежата.
Јунајтед имаше неколку добри шанси до полувремето, а Мбеумо, Доргу и, во два наврати, Куња немаа среќа. Од друга страна, Одегард се закани, но голманот на Јунајтед реагираше добро.
Јунајтед продолжи да создава одлични можности во остатокот од натпреварот. Маунт беше блокиран во добра ситуација, додека Раја одлично одбрани слободен удар на Фернандеш.

Се играше во жесток ритам. Рајс речиси го дуплираше водството на Арсенал, но беше блокиран. Потоа Мбеумо повторно имаше две добри шанси, но синоќа не беше негова вечер. Малку подоцна, расположениот Раја го одбрани ударот на Дијало и тогаш беше јасно дека Јунајтед ќе има тешкотии да постигне гол вечерва. Останува 1:0 за Арсенал.
Арсенал во следната рунда ќе биде домаќин на Лидс, додека Јунајтед ќе игра на гостински терен против Фулам.