Шакира откри која пејачка и помогнала за време на раскинувањето со Пике: Секој ден ме проверуваше како сум
Во едно од последните интервјуа Шакира откри која пејачка и помогнала за време на раскинувањето со Жерар Пике.
Колумбиската ѕвезда му посочи на Ролинг Стоун дека тоа е фронтменот на Колдплеј, Крис Мартин. Тие се зближија додека таа минуваше низ тешко раскинување.
„Тој беше покрај мене и кога раскинав и кога бев скршена. Секој ден ми проверуваше како сум, ми испраќаше зборови на поддршка“, изјавила таа.
Тие се пријатели долго време, а 47-годишната пејачка имаше само пофални зборови.
„Го гледам како личност која го гледа животот низ друга призма, која е чувствителна на потребите на другите луѓе и е многу емпатична“, додаде таа.
Пријателството на Крис и Шакира датира од шестата сезона на „The Voice“, а фронтменот на Coldplay беше гостин ментор.
Инаку, Шакира раскина со Пике во 2022 година, со кој ги има синовите Милан (11) и Саша (9). Истата година кружеа гласини дека фудбалската ѕвезда ја изневерува со сегашната партнерка Клара Чиа Марти.
Крис Мартин знае како е да се помине таканареченото јавно раскинување, бидејќи се разведе од Гвинет Палтроу во 2014 година по 11 години брак. Со Гвинет има две деца, Епл (20) и Мозес (18).