Студентите од Македонија кои се корисници на стипендии од Министерството за образование и наука, од денеска ги имаат на своите сметки достапни финансиските средства.
Министерот Јетон Шаќири ја објави веста преку статус на својата официјална Фејсбук страница.
Тој на учениците им посака најдобар можен успех на испитите кои почнуваат неделава.
„Додека ја читате оваа статија, сите вие кои ги исполнивте условите за продолжување на стипендијата од минатата година, како и ретроактивното плаќање по договор, ги имате средствата од стипендијата на вашите сметки. Искрено сакам да изразам благодарност до сите сектори низ кои се одвива процесот на стипендирање додека не стигне до вас“, напиша Шаќири.