Швајнштајгер со еден потег ги потврди гласините за развод?

Веста за наводниот развод на Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер ја шокираше јавноста.

Според германските медиуми, славниот пар наводно се разведува по девет години брак, но веста се уште не е официјално потврдена.

Сепак, еден детал ги натера многумина да се посомневаат дека шпекулациите сепак можеби се вистинити.

Имено, на последните објави на Швајнштајгер на социјалната мрежа Инстаграм, забележливо е дека славниот фудбалер повеќе не носи бурма.

На видеата и фотографиите кои ги споделува од своето патување, се гледа дека нема прстен на раката.

Потсетуваме дека нивната љубовна приказна започна во 2014 година, а парот има три деца.