Шекспир не живеел во несреќен брак: Професор од Универзитетот во Бристол побива вековна теза

Професорот по рана модерна англиска литература од Универзитетот во Бристол, Метју Стегл, кој се смета за водечки експерт за Шекспир, анализирал фрагменти од писмото од 17 век.

Преку детална анализа открил дека Шекспир не ја оставил сопругата Ен Хатавеј во Стратфорд, што ја побива прифатената теза дека англискиот драматург живеел во несреќен брак, туку дека живееле во Лондон, иако долго се претпоставувало дека нивниот брак не е среќен и дека живеат одвоено, пренесува лондонски Гардијан.

Повикувајќи се на анализата на фрагмент од писмо од 17 век, професорот Стегл тврди дека текстот на тоа писмо фрла нова светлина врз односот меѓу Шекспир и Ен Хатавеј и го побива заедничкото верување дека парот никогаш не живеел заедно во Лондон.

„Текстот на писмото укажува дека Шекспирови живееле на претходно непозната адреса во Тринити Лајн, сега Литл Тринити Лајн во градот Лондон“, вели професорот Стегл.

Исто така, писмото покажува дека Вилијам и Ана заеднички управувале со парите што Шекспир тајно ги чувал за сирак по име Џон Бејтс.