– Босна и Херцеговина ќе има добра иднина доколку нејзините политички актери соработуваат, изјави денеска Високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Кристијан Шмит, на почетокот на Бледскиот стратешки форум.
Во изјавата дадена пред почетокот на конференцијата, германскиот дипломат истакна дека Западен Балкан е област со потенцијал за соработка и дека е оптимист за иднината на Босна и Херцеговина.
-Секој што размислува за своите позиции мора да види дека БиХ ќе има добра иднина доколку сите соработуваат, тоа е клучната порака, рече Шмит.
Тој нагласи дека жителите на Босна и Херцеговина сакаат безбедност, работа и добра перспектива, а не дискусии за индивидуални интереси.