Шокантна изјава на Трамп за војната во Газа! Прекинот на огнот паѓа во војна!? ,,Тоа не е наша војна, тоа е нивна војна!”
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е убеден дека договорот за прекин на огнот во Појасот Газа ќе се одржи.
„Тоа не е наша војна, тоа е нивна војна. Но, не сум сигурен дека примирјето ќе трае“, рече Трамп како одговор на прашањата на новинарите, како што јави Би-би-си утринава.
Тој додаде дека Хамас е ослабен и дека Појасот Газа изгледа како место за масовно уништување.
Трамп, кој е поранешен магнат за недвижности, исто така рече дека „може да се направат убави работи“ со Газа ако планот се оствари.
„Тоа е феноменална локација на морето… Знаете, сè е добро“, додал американскиот претседател, пренесе Би-би-си.