,,Што баравте, тоа добивте!” – Дмитриј Медведев објави видео од ударот на руската балистичка ракета (ВИДЕО)
Заменик претседателот на Советот за безбедност објави видео од рускиот напад со хиперсонични балистички ракети врз Украина.
,,Она што го побаравте е она што го добивте”, напиша заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев на X.
Додека руските вооружени сили извршија напад со нова ракета со среден дострел врз Украина, како одговор на украинските напади врз Русија со западни ракети со долг дострел.
“Дали ова е она што го побаравте? Па, тоа е она што го добивте!” напиша Медведев на социјалната мрежа Х.
Медведев објави и видео од рускиот напад на Украина со хиперсонични балистички ракети.
Медведев претходно изјави дека западните ракетни напади со долг дострел длабоко во руска територија може да се оквалификуваат како напад од земјите на НАТО.
„Во тој случај Русија има право да возврати со оружје за масовно уништување на Киев и на главните сателити на НАТО, каде и да се“, рече Медведев.