Што знае Путин што ние не знаеме? Чудната реакција на рускиот лидер на најновата вест ги збуни сите

Додека западните медиуми со сензационализам известуваа за можната испорака на ракети „Томахавк“ во Украина, рускиот лидер Владимир Путин реагираше исклучително мирно.

Неговата кратка изјава дека станува збор за „застарен систем што Русија лесно може да го неутрализира“ одекна потивко отколку што се очекуваше, но – според проценката на американскиот воен аналитичар Скот Ритер – суштината лежи токму во таа ладнокрвност.

– Видовте ли дека Путин се изнервира? Не видовте. А тоа значи дека тој знае повеќе од нас –  рече Ритер, истакнувајќи 
дека целата приказна за „Томахокс“ е повеќе претстава отколку вистинска намера.

„Томахавк“ како политички сигнал, а не оружје

Според Ритер, Вашингтон никогаш сериозно не планирал да ги испрати овие ракети во Киев.

– Тоа е завеса од чад – сигнал не до Москва, туку до Украина и Европа. Пораката е дека Западот се соочува со сопствената немоќ. Оружјето е само симбол тука, а не решение –  објаснува тој.

Во време кога во Вашингтон се дискутираат нови пакети за помош, американските аналитичари проценуваат дека „томахавкот“ има повеќе пропагандна отколку воена вредност.

Телефонски разговор меѓу Путин и Трамп

Според помошникот на Путин, Јуриј Ушаков, рускиот претседател разговарал по телефон со американскиот претседател Доналд Трамп на 16 октомври за ситуацијата во Украина.

Путин, според Ушаков, дал „детална проценка на ситуацијата на фронтот“ и повторил дека Русија останува посветена на дипломатско решение, додека Трамп нагласил дека „завршувањето на конфликтот е клучно за започнување нова фаза на економска соработка меѓу Москва и Вашингтон“.

За време на разговорот беше спомената и потенцијалната испорака на „томахавки“, на што Путин рече дека таков потег нема да ја промени ситуацијата на терен, но може сериозно да ги наруши односите меѓу двете земји.

„Надежта во застарено оружје е доказ за очај“

Како заклучок, Ритер наведува дека „томахавкот“ денес има политичка, а не воена улога.

– Ако некој сè уште верува дека застарена американска ракета ќе го промени текот на војната, тоа само покажува колку е длабок очајот. Ако вашата надеж е во оружје кое никогаш нема да биде испорачано, тогаш навистина нема надеж –  рече Ритер.