Што лансираше Путин во Киев?! Сè се урива, небото и земјата горат, експлозии одекнуваат во главниот град!

Серија моќни експлозии се слушнаа во Киев во текот на вечерта, објави украинскиот јавен сервис „Суспилне новини“ на Телеграм, наведувајќи дека акцијата на воздушната одбрана е во тек.

„ Експлозии одекнаа во Киев , а единиците за воздушна одбрана дејствуваат во градот “, се вели во пораката.

Според информациите од локалните власти, штети се регистрирани во неколку градски области, а штетата е предизвикана од падот на противвоздушните ракети и остатоците од соборените беспилотни летала. 
Остатоците од соборените авиони се евидентирани во областите Шевченко и Свјатошин , додека пожар избувна во патнички автомобил во областа Оболон.

Според извештаите од спасувачките екипи, повредени се вкупно 11 лица, меѓу кои и две деца.

Претходно, шефот на Службата за државна безбедност на Киев, Тимур Ткаченко, прецизираше дека две деца на возраст од 14 и 17 години се повредени во нападот врз населбата Оболонски во Киев.

Во исто време, се наведува дека цел на нападот бил градот Черкаси, каде што имало и „пристигнувања“ – како што украинските власти ги нарекуваат ударите на непријателските ракети или беспилотни летала.

Украинските власти тврдат дека во моментов во воздушниот простор има околу 70 камикази дронови, додека нови постојано влегуваат во украинскиот воздушен простор.

Руското Министерство за одбрана сè уште не ги коментираше овие напади, но постојано се известува дека руската армија напаѓа исклучиво воени цели, вклучувајќи инфраструктура, магацини за оружје, објекти на воената индустрија, како и места на концентрација на персонал и опрема на украинската армија и странски платеници.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, постојано истакнуваше дека „руската армија не ги гаѓа станбените згради или социјалните институции“.