Ѓоковиќ го одби Федерер – знаеме и зошто

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ трета година по ред не учествува на Лејвер Купот.

Британскиот „Мирор“ пишува дека тој одбил понуда од Роџер Федерер , еден од организаторите на овој турнир, а причината е многу едноставна – сака да поминува повеќе време со своето семејство.

Федерер одигра клучна улога во воспоставувањето на турнирот, лобирајќи оваа сезона Ѓоковиќ да ги здружи силите со Карлос Алкараз во тимот на Европа , но Србинот не е во Сан Франциско.

Ѓоковиќ (38) двапати играше на Лејвер Купот . Прво во 2018 година, а потоа во 2022 година, кога Федерер се пензионираше од тенисот.

До крајот на сезоната сè уште е нејасно што ќе игра српскиот ас, а единствено сигурно е турнирот во Атина, кој се организира таму, наместо во Белград.

Новак моментално е рангиран на четвртото место во светот, а оваа сезона стигна до полуфиналето на секој од четирите Гренд слем турнири.