Во врска со условниот отпуст на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, Јавното обвинителство преку соопштение појаснува дека никогаш не дало позитивно мислење и не се согласило со условниот отпуст на Мијалков.
„Поради интересот на јавноста за условен отпуст на осуденото лице Сашо Мијалков и неговото право да ја напушти државата, Јавното обвинителство појаснува дека никогаш не дало позитивно мислење и не се согласило со условен отпуст на осуденото лице”, се вели во соопштението за медиумите.
Оттаму велат дека надлежниот јавен обвинител при донесувањето на првостепената одлука за условниот отпуст на Мијалков дал негативно мислење, додека по решението со кое е одобрено неговото ослободување, обвинителот поднел и жалба која била отфрлена како незаконска.
„Надлежниот јавен обвинител при првостепената одлука за условен отпуст на осудениот Сашо Мијлаков даде негативно мислење. По добивањето на решението со кое е одобрено неговото ослободување, обвинителот поднел и жалба, но истата била одбиена како недозволена, бидејќи во меѓувреме со измените на Законот за извршување санкции објавени во Службен весник на 02.04.2024 година, од членот 254 е избришана одредбата со која се предвидуваше обврската решението за условен отпуст да се достави до јавниот обвинител, додека со член 256 во пракса во целина беше ја отстрани можноста јавниот обвинител да се жали на решението за кауција. Тоа значи дека од тие измени јавниот обвинител ниту е известен ниту има можност да се жали за условниот отпуст“, се наведува во соопштението.
Оттаму посочуваат дека надзорот врз Мијалков го одредува само Судот, бидејќи во мај 2024 година донел правосилна одлука за условен отпуст, во која јавниот обвинител не можел да има никакво влијание, ниту врз надзорниот надзор на условно отпуштениот Мијалков.
„Кога станува збор за случајот „Трезор“, надлежниот јавен обвинител никогаш не дал позитивно мислење за враќањето на пасошот. Напротив, обвинителот на 31.05.2024 година дал негативно мислење за враќањето на пасошот на обвинетиот, а потоа на 19.06.2024 година поднел и жалба за решението на Кривичниот совет со кое таа мерка на претпазливост му била укината. Позитивно мислење во тој случај е дадено само во однос на отстранувањето на гаранцијата и тоа по донесеното решение за ослободување од Апелациониот суд“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.