Кандидатот за претседател на коалицијата „Храбро за Македонија“, Стевчо Јакимовски, претседателската кампања ја започна со средби со граѓани во Тетово.
Јакимовски вели дека ги слушнал секојдневните проблеми на граѓаните и најголем проблем е што нивните деца бегаат од Република Македонија во потрага по подобар живот.
„Не е толку сиромаштија колку лошиот правен систем во Македонија. Тоа е уште една потврда дека имаме сериозна причина да разговараме за тоа како понатаму ќе ја развиваме Република Македонија и тоа е уште поголема причина да разговараме на највисоко ниво, имено на ниво на кандидати за претседател на Република Македонија“ , изјави Стевчо Јакимовски, кандидат за претседател на „Храбро за Македонија“.