Јаневска: Повисоки плати за професорите и наставниците од март

Министерката за образование и наука Весна Јаневска на средба со претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура Јаким Неделков најави дека многу брзо ќе се случи потпишувањето на новиот колективен договор за подобрување на правата на работниците во основните и средните училишта.

„Ја користам приликата да ве информирам дека во март годинава ќе го добијат второто покачување на платите од 7 отсто, откако во октомври минатата година го добија првото од 5 отсто“, нагласи министерот.

Таа рече дека средбата со СОНГ е продолжение на конструктивниот социјален дијалог, со цел да се одобри нов колективен договор за основно и средно образование.

Јаневска нагласи дека за прв пат зголемувањето на платите се поврзува со стапката на инфлација, за да се обезбеди реално зголемување на приходите на вработените во основното и средното образование.