Јелена Карлеуша јавно се заблагодари на Маја Маринковиќ – необичното дуо предизвика неверување кај сите: Еве ја причината (фото)
Една од најпознатите регионални ѕвезди, Јелена Карлеуша, официјално ја лансираше својата линија на парфеми и мириси за тело.
Колекцијата се вика „ЈА – ЈК“, која ги претставува нејзините препознатливи иницијали, инспирирани од баладата „Ја“, чии стихови самата ги напишала.
Првото издание беше распродадено веднаш, истиот ден кога беше лансирано.
Меѓу многуте кои се одговорни за тоа што првата серија на парфемот на Јелена беше распродадена, заслужна е и ријалити ѕвездата Маја Маринковиќ.
Маја се огласи на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм споделувајќи го својот впечаток за „Ја“.
– Морам да признаам дека само што го отворив парфемот, и дека не згрешив. Не грешам во моите проценки, барем кога станува збор за парфемот. Парфемот е феноменален. Воодушевен сум, малку е појак – баш како што ми се допаѓа.
Јелена како и секојпат досега ја реобјави оваа Инстаграм приказна на својот профил, во знак на благодарност бидејќи на Маринковиќ многу и’ се допадна нејзината креација.