Јована Јеремиќ доби подарок 1.400 евра од бизнисменир за Денот на жената: „Златна е, мора да знае која сум” (фото)
Јована Јеремиќ веќе неколку месеци е во врска со бизнисменот Драган Станковиќ, „кралот на лебот“, кој сериозно се „отвори“ за Денот на жената и ја изненади својата сакана.
Водителката во неколку наврати нагласи дека сака скапи, но корисни подароци, но општо е познато и дека „не поднесува цвеќе како подарок“.
Во овој поглед, на Драган секако не му беше тешко да избере подарок за својата сакана, па ја изненади со една многу корисна работа.
Бизнисменот ја изненади својата сакана со најновиот телефон во бојата што таа ја обожава, златна, за кој платил околу 1.400 евра.
Јована не обрнуваше внимание, па веднаш го сликаше својот подарок и со тоа се пофали на мрежите:
– Најомилениот подарок за 8 март е секогаш од оној што ме сака најмногу. И тоа е ЗЛАТО!!!! – напиша таа и додаде:
– Тој вели дека мора секогаш да знае каде сум, со кого сум и што правам. Затоа – телефонот.