Јокиќ купувал пиво во Босна, продавачката не го препознала! Хит видеото ги насмеа сите до солзи (ВИДЕО)

По напорната и успешна НБА сезона, Јокиќ едвај чекаше да се врати во родниот Сомбор и да гледа коњски трки, а потоа се упати кон Италија, а негова нова дестинација беше Босна и Херцеговина каде беше на концертотот на Аца Пејовиќ, а потоа пак замина во Италија.

Во меѓувреме Јокиќ бил забележан во Босна и Херцеговина, поточно во Горажде, каде влегол во продавница!

Како што пишува сараевскиот портал „Кlix“, Јокиќ на пат низ Горажде застанал во продавница за да купи пиво и сок, а касиерката не го препознала.

– Сине, колку си висок, само за кошарки си – рекла продавачката и предизвика општа смеа.

За овој портал изјави дал и сопственикот на маркетот каде што Јокиќ пазарел.

– Бев во градот кога ми се јавија и ми рекоа, знаете ли дека Никола Јокиќ е во нашата продавница. Ми се јави работникот и ми кажа дека Никола и другарите влегле во маркет да земат пијачки и ситници. Тие беа љубезни и весели. Никој не можеше да поверува, но тоа се случува. Дина, касиерката, навистина нè насмеа сите. Секако дека ја споделивме снимката. Жал ни е што немавме можност малку да поразговараме. Никола, но сите останати се секогаш добредојдени во Горажде и кај нас – изјави тој за споменатиот портал.