Ќерката на Бред Пит и Анџелина Џоли фотографирана со девојка: Оваа танчерка го освои нејзиното срце

Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит, Шајло Џоли-Пит, е во врска со танчерката Кеони Роуз, објавија американските медиуми. Папараците ги „уловиле“ во Студио Сити, Калифорнија.

Меѓу другото, тие беа фотографирани како се прегрнуваат во автомобилот. Извори наведоа дека двајцата „привремено живеат заедно“.

Гласините дека двајцата се во врска почнаа да се шират кон крајот на мај оваа година, откако беа видени како пазаруваат.

Американските медиуми објавија и како Џоли реагирала на одлуката на нејзината ќерка да го напушти домот.

„Нема шанси Анџелина да е смирена во врска со ова. Таа сака сите нејзини деца во една куќа. Сепак, таа е смирена бидејќи нејзините деца секогаш се придружени од обезбедување“, изјавил извор за RadarOnline.

Изворот исто така наведува дека Бред Пит нема ништо против тоа неговата ќерка да биде лезбејка, но дека е загрижен што таа е опкружена со луѓе кои имаат „лошо влијание“ врз неа и дека Џоли е делумно одговорна за тоа.

Како што е познато, актерот долго време имал лош однос со своите деца. Откако физички ги малтретирал нив и Џоли во авион и им викал, тие прекинале секаков контакт со него. Тој се надева дека еден ден ќе може да ја поправи врската.