ЏЕНАН ИМА ДРУГА ЖЕНА СО ГОДИНИ?! Се појавија скандалозни детали: „Живеат заедно, ја убедуваше Самира дека таа му е само колешка“

Како бомба одекна веста дека пејачот Џенан Лончаревиќ се разведува од сопругата Самира по 25 хармонични години брак .

Лончаревиќ е тој што поднел тужба за развод во родното Пријепоље – каде живееле со синовите.

Џенан Лончаревиќ

Џенан, наводно, со години живее паралелен живот со друга жена во Белград, пишуваат локалните медиуми.

– Ги познавам, особено неа од кога е родена. Таа живееше живот што воопшто не можев да го разберам. Таа се грижеше за неговата мајка, децата, а тој пее, доаѓа кога сака, прави што сака. Пред неколку години беше фатен со жена во Белград, со која живее 15 години, тоа беше снимено. Тој тогаш успеал да ја убеди сопругата дека му е колешка, а Самира му поверувала. .. – изјавил изворот за медиумите.

– Сега поднесе барање за развод, притиска по секоја цена. Тој е многу непријатен кон неа. .. – додаде медиумски извор.

Инаку, Џенан во текот на сите години од јавниот живот ја криел својата сопруга од јавноста , толку многу што таа никогаш не била фотографирана или снимена во негово друштво.