Џеф Безос се жени следната недела: Потрошил речиси 40 милиони долари за свадбата на годината, се очекува шоу
Основачот на „Амазон“, Џеф Безос, наскоро ќе се жени со поранешната водителка Лорен Санчез. Прославата се одржува во Италија, ќе трае од 24 до 26 јуни, а многумина веќе го нарекуваат настанот свадба на годината.
Се проценува дека потрошил повеќе од 36 милиони долари за овој луксуз. Тие ќе се венчаат на островот Изола ди Сан Џорџо. Безос резервирал пет луксузни хотели: Сент Реџис, Грити Палас, Даниели, Чипријани и Аман Венеција.
Забави се планирани и на јахтата на Безос вредна околу 500 милиони долари, која ќе се закотви во венецијанското пристаниште. На нивната свадба ќе присуствуваат многу познати имиња, меѓу кои Ким Кардашијан, Леонардо Дикаприо, Опра Винфри, Ева Лонгорија, Орландо Блум и други.
Поканети се и многу бизнисмени и политичари. Покана е испратена и до кралицата Ранија Ал-Абдула од Јордан. Лорен Санчез ќе носи 27 фустани од светски познати брендови, вклучувајќи го и Долче и Габана, за време на тридневната прослава.
Бројни граѓани најавија протести „Нема простор за Безос“. Тие веруваат дека тој нема место во Венеција и дека градот не смее да стане сцена за елитата.