Џеф Безос ја украси својата идна сопруга со дијаманти и сафири: Даде речиси 3 милиони само за вереничкиот прстен, а тоа не е сè (фото)
Основачот на Amazon, Џеф Безос и неговата свршеница Лорен Санчез, одредиле датум за венчавка, а нивната раскошна прослава веќе е наречена „свадба на векот“ . Италијанските медиуми објавија дека двата најдобри хотели во градот – „Грити Палас“ и „Аман Венеција“ се целосно резервирани од 26 до 29 јуни. И додека некои пишуваат дека забавата ќе трае три дена, властите велат дека се размислува само за разумна прослава со максимум 250 гости.
Додека траат подготовките за венчавката за која зборува цел свет, да се потсетиме колку Лорен профитираше од оваа љубов. Имено, оваа убавица често се фалела со скапите работи кои ги добивала од својата сакана.
Има дијамантски ѓердан во форма на буквата „Б“ и уште еден ланче „Госпоѓа Б“. Дека дијамантите и’ се омилена играчка потврди и нејзиниот роденденски подарок во вид на нараквица од 100.000 евра и комплет платина накит со сафири.
Вреди да се спомене како Лорен ја добила својата дрвена статуа на лакот на јахтата на Безос Кору вредна 470 милиони евра.
Инаку, Безос ја запроси својата партнерка во мај 2023 година, на луксузна јахта. Пред тоа тие беа во врска пет години. Тој ја запросил со впечатлив дијамантски прстен за кој експертите проценуваат дека би можел да вреди околу 2,5 милиони долари.