Џенифер Лопез блесна на црвениот тепих за премиерата на филмот „Unstoppable“ во кој има споредна улога, а кој го продуцираше нејзиниот поранешен сопруг Бен Афлек.
Иако минуваат низ бурен развод, Лопез на филмскиот фестивал во Торонто пристигна насмеана и расположена.
Лопез им позираше на фотографите во блескав фустан кој наликува на диско топка.
Таа имаше два огромни шлицови од страната на фустанот, кои ги поврзуваа црни машнички. Под фустанот, изгледа, не носела долна облека. Провокативниот аутфит го комплетираше со сребро, високи потпетици и едноставен накит.
Лопез ги истакна сите свои облини, а нејзините обожаватели не штедеа на комплименти.
„Таа и понатаму е кралица на црвениот тепих. Нејзиниот стил и елеганција се неспоредливи“, „Убава е, без сомнение“, „Блескаш“, напишаа тие на социјалните мрежи.
Афлек не се појави на проекцијата.