АА: Македонската химна во училиштата е одмазда на Владата, откако не успејаа да го укинат албанскиот јазик
Од крилото на Зиадин Села велат дека „Предлогот за наметнување на македонската химна во средните училишта е одмазда на Владата за неукинувањето на албанскиот јазик од страна на Уставниот суд, тоа е благодарение на нашиот заеднички отпор со граѓаните.”
Алијансата за Албанците, како што се наведува во реакцијата, во повеќе наврати порача дека химната не ја отсликува мултиетничката реалност и кохезијата меѓу етничките заедници во земјава, туку повеќе е химна на етничка Македонија отколку национална.
Со овој предлог на Владата нема да се постигне ниту зближување меѓу заедниците, ниту лојалност кон државата, туку напротив ќе се продлабочи јазот меѓу етничките заедници во државата.
„Ги разбираме и не ги оправдуваме тенденциите на ВМРО-ДПМНЕ за деалбанизирање на државата, бидејќи тоа отворено го кажаа во кампањата дека „Македонија ќе им ја вратиме на Македонците“, велат од АА, тврдејќи дека не разбираат како албански заменик министер од коалицијата ВЛЕН се согласува да биде еден од претставниците на овој закон. Дали ова докажува дека албанските партии кои влегуваат во Владата без легитимитет, од сервилни и релативизирачки антиалбански одлуки, сега се претворија во соработници во оваа кампања против Албанците“, се вели во реакцијата на АА.