АББА му забрани на Трамп да ја користи нејзината музика на митинзи

Шведската поп група АББА денеска побара од поранешниот американски претседател Доналд Трамп да престане да ја користи нивната музика на изборните митинзи.

„Откривме дека се објавени видеа на кои (нивната) музика се користела на настаните на Трамп и побаравме таквата употреба веднаш да се прекине “, изјавија од издавачката куќа на групата за шведските медиуми, пренесува Политико.

На митингот на Трамп во Минесота, дом на најголемиот број Американци со шведско потекло, беа свирени хитови како „Победникот го зема сето“ и „Пари, пари, пари“, но шведските уметници не се единствените кои не сакаат републиканскиот кандидат да ја користи нивната музика.

Пејачката Селин Дион ја осуди употребата на „My Heart Will Go On“ претходно овој месец, а рок групата Фу Фајтерс рече дека нема да дозволат Трамп да ја свири нивната песна на митинг во Аризона и додаде дека ќе донираат какви било хонорари од неовластена употреба на нивната песна за кампањата на демократската кандидатка Камала Харис.

Тимот на Трамп ја избриша снимката од излегувањето на претседателскиот кандидат од авионот на песната „Freedom“ на пејачката Бијонсе.

 

Нејзините претставници ја критикуваа употребата на песната, која потоа Харис ја користеше како клучен дел од нејзината кампања.

За време на претходните кампањи, уметниците Адел, Аеросмит и Ганс енд Роузес ја осудија неовластената употреба на нивната музика.