Авганистан, предводен од талибанците, започна со екстракција на нафта

„Приоритет ќе биде вработувањето технички и нетехнички персонал и обнова на наоѓалиштето, користејќи ги приходите на Сар-е-Пул“

Авганистанската Влада предводена од талибанците почна со екстракција на нафта од изворите во северниот дел на земјата

„Приоритет ќе биде вработувањето технички и нетехнички персонал и обнова на наоѓалиштето, користејќи ги приходите на Сар-е-Пул“, истакна в.д. министерот за рудници и нафта шеик Шахабудин Делавар, јави новинската агенција Бахтар.

Делавар се обрати на церемонијата каде што тој и неколку високи талибански функционери ги пуштија во употреба изворите во нафтеното поле „Кашќари“ во провинцијата Сар-е-Пул.

Басенот Кашќари има 10 извори, а од девет извори се екстрахира 200 тони нафта, објави Кабул Тајмс, повикувајќи се на соопштение на Министерството за рудници и нафта.

Официјалните претставници се надеваат дека ќе го зголемат капацитетот за екстракција од Кашќари на повеќе од 1.000 тони.

По враќањето на власт во Кабул во 2021 година, талибанците минатата година потпишаа договор со кинеска компанија за вадење нафта од Сар-е-Пул.

Во јануари, привремената Влада на авганистанските талибанци потпиша и 25-годишен договор со кинеска фирма за екстракција на нафта од басенот на реката Аму и за развој на нафтени резерви на северот.

Според договорот, кинеската компанија ќе инвестира 150 милиони долари во првата година, а за период од три години ќе ја зголеми на 540 милиони долари.

Се проценува дека Авганистан лежи на неискористени ресурси од над 1 билион долари, што го привлекоа интересот на странските инвеститори, пишува новинската агенција Бахтар.