Авиокомпаниите добија барање од Франција: „Намалете го бројот на летови“

Француската агенција за цивилно воздухопловство соопшти дека побарала од авиокомпаниите да го намалат бројот на летови на париските аеродроми за 25 проценти на 3 јули, по известувањето за штрајк на контролорите на летање.

Агенцијата во соопштението наведува дека исто така побарала од авиокомпаниите да го намалат бројот на летови од Ница, Бастија и Калви за 50 проценти и од Лион, Марсеј, Монпелје, Ајачо и Фигари за 30 проценти, објави Ројтерс.

„И покрај овие превентивни мерки, се очекуваат прекини и значителни доцнења на сите француски аеродроми“, објави агенцијата.

Додадено е дека патниците треба да ги променат своите летови доколку се во можност.