АВИОНОТ ГОРИ ОД НАДВОР, ВНАТРЕ ПОЛНО СО ЧАД: Објавена НОВА СНИМКА од запалениот авион (ФОТО, ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави видео од внатрешноста на авионот на Japan Airlines кој се запали при слетување на аеродромот Ханеда во Токио, по судир со друг авион.

Роџер Вајтфилд, поранешен комерцијален пилот , изјави за Sky News дека е „чудо“ што сите патници и членови на екипажот ја преживеале несреќата .

– Само што бевме сведоци на чудо. Начинот на кој ги извадија сите тие патници од авионот е речиси невозможно да се поверува – изјави Вајтфилд.

На видеото снимено од еден од патниците можете да видите како гори надворешноста на авионот додека се движи по пистата, а внатрешноста на авионот е исполнета со чад .

Вајтфилд изјави дека од една од задните врати извира чад , додавајќи дека тоа значи дека видливоста во авионот „мора да била нула“ .

– За екипажот (под такви околности) да ги извади сите патници, тоа е чудо – заклучил Вајтфилд.

„ Јапонија ерлајнс“ објави дека се евакуирани сите 367 патници и 12 членови на екипажот.

Агенцијата Кјодо, повикувајќи се на пожарникарите во Токио, објави дека се пронајдени членовите на екипажот на авионот на јапонската крајбрежна стража што се судри со авионот на „Јапан ерлајнс“ , но не е наведено во каква состојба се.

Пилотот на авионот на крајбрежната стража веднаш бил евакуиран , додека останатите членови на екипажот се водат за исчезнати.