ГОЛЕМОТО ВРАЌАЊЕ НА РАФАЕЛ НАДАЛ! Шпанецот ја фрли публиката во ТРАНС, па го „ИСЧИСТИ“ поранешниот победник на УС Опен!

Рафаел Надал доминантно се врати на теренот и во првиот меч на турнирот во Бризбејн со 2:0 во сетови (7:5, 6:1)го исчисти поранешниот победник на УС Опен, Доминик Тием .

Надал се појави во Австралија и ги фрли фановите во транс, а потоа излезе на теренот и одигра маестрален меч совладувајќи го Тием.

Во првиот сет имаше голема борба, а Надал овој период од играта го реши во своја корист со 7:5. Во вториот сет доминираше Рафа кој со 6:1 го совлада Тим и се пласираше во следната рунда каде ќе игра против подобриот од дуелот Карачев – Кублер.