Авион во кој бил потпретседателот на државата се изгуби од радар! Армијата итно започна операција за пребарување и спасување: Се предвидува најлошото сценарио (фото)

Авионот со потпретседателот на Малави и уште девет патници исчезна од радарот откако во понеделникот го напушти главниот град Лилонгве!

Претседателот Лазарус Чаквера нареди операција за пребарување и спасување откако претставниците на воздухопловните сили не можеа да стапат во контакт со авионот. Според Би-Би-Си, Чаквера го откажал и планираниот лет до Бахамите.

Саулос Чилима

Засега не се знае судбината на потпретседателот на малата африканска земја Саулос Чилима и деветте патници.

– Се зголемуваат стравувањата дека потпретседателот на Малави, Саулос Чилима, загинал при принудно слетување во шумата Чикангава, откако утринава неговиот хеликоптер не слетал на аеродромот – пренесува порталот Малави24.

Авионот на вооружените сили на Малави требаше да слета на меѓународниот аеродром Мзузу на северот од земјата нешто по 10 часот по локално време.

Поранешниот чилеански претседател Себастијан Пињера, да потсетиме, загина неодамна кога хеликоптер падна на езерото Ранко во регионот Лос Риос!