Авион падна врз приватни куќи, евакуацијата е во тек! (ФОТО/ВИДЕО)

Мал авион се урна во населба во Сан Диего за време на магла рано утрово во четврток, предизвикувајќи пожар во околу 15 домови и евакуација на жителите во неколку блока, соопштија властите.

„Имаме гориво насекаде“,  рече помошникот началник на противпожарната служба Ден Еди.

– Нашата главна цел е да ги пребараме сите овие куќи и да ги извлечеме сите луѓе – додаде тој.

Слика од екранот 2025-05-22 153457.png

Тој рече дека имало „директен удар врз повеќе куќи“ во населбата Мерфи Кењон.

Сè уште не е познато дали има повредени.

Еди рече дека имало многу густа магла во времето кога се урнал приватниот авион.

– Едвај можеше да видиш пред тебе – рече тој.

Федералната администрација за авијација (FAA) соопшти дека авионот „Цесна 550“ се урна во близина на аеродромот Монтгомери-Гибс.

„Бројот на луѓе што биле во авионот во овој момент е непознат“, се вели во соопштението на ФАА.

Авионот може да превезува од шест до осум лица.