Авион принудно слета на аеродромот во Тирана, патник се обидел да се самоубие

Aвион кој летал на релација Лион-Истанбул попладнево околу 14 часот принудно слетал на меѓународниот аеродром во Тирана.

Според полицијата причина за тоа е обид на патник – авганистански државјанин да се самоубие за време на авионскиот лет.

– Лицето М.Н.(40) државјанин на Авганистан се обидел да се самоубие со сечење на вените на рацете со жилет.  Пренесен е во болница, каде му е укажана лекарска помош и моментално е во критична состојба, стои во полициското соопштение.