Патнички авион се урна во близина на аеродромот во Ахмедабад, во индиската сојузна држава Гуџарат, известува Анадолу.
Според вестите објавени во индиските медиуми, патнички авион што летал кон Лонодн, Англија се урна во близина на аеродромот во Ахмедабад.
Иако бројките за бројот на патници во авионот варираат во индиските медиуми, АНИ њуз тврди дека имало 242 патници.
Сè уште нема официјално соопштение во врска со бројот на патници што се наоѓале во авионот, ниту за причината што ја предизвикало несреќата.