Авион со 192 луѓе излетал од пистата 

Авионот на руската авиокомпанија Смартавиа излетал од пистата при слетување на аеродромот во Перм, нема повредени, пренесува РИА Новости.

Аеродромот е привремено затворен, соопшти прес-службата на аеродромот во Перм.

“Летот 5H 583 на авиокомпанијата Смартавиа од Санкт Петербург се излизга од пистата при слетување на аеродромот во Перм. Во моментов аеродромот Бољшој Савино е затворен поради пристигнување и полетување на авиони”, се вели во соопштението.

Како што е прецизирано, во инцидентот нема повредени, а во авионот имало 186 патници и 6 членови на екипажот.