Според податоците на порталот Flightradar24, во областа Велика Планина исчезнал мал авион. Љубљанската полиција потврди дека потрагата со помош на неколку хеликоптери се уште е во тек, јавува 24ur.com .
Податоците на порталот Flightradar24 покажуваат дека мал авион Пајпер, кој полетал од Загреб, исчезнал нешто по осум часот во областа Велика Планина.
Љубљанската полиција потврди дека во областа е во тек операција за пребарување. Се претпоставува дека дошло до авионска несреќа.
Подоцна рекоа дека околу 9 часот и 30 минути биле известени дека е изгубена комуникацијата со помалиот авион и контролата на летање.
„Контактот со авионот во моментов е изгубен од непозната причина во областа Велика Планина, каде што полицијата и другите спасувачки служби во моментов преземаат активности. Потрагата е отежната поради екстремно лошите временски услови и слабата видливост, што исто така го отежнува летот на спасувачките хеликоптери“, се вели во соопштението.
Според првичните информации, во авионот имало едно лице. Во акцијата покрај полицијата и пожарникарите се вклучени и планински спасувачи од Камник и Целје, јавува порталот kamnik.info.