Од ТАВ Македонија соопштуваат дека авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје во наредните денови – 29 ноември, 30 ноември и 1 декември, за време на одржувањето на 30. Министерски совет на ОБСЕ во Скопје, ќе се одвива редовно.
Оттаму апелираат до патниците да ги следат упатствата и најавите на МВР во врска со режимот на сообраќај во градот Скопје, за да можат навреме да пристигнат на своите летови, поточно на аеродромот.