АВТОГОЛ НА МАКЕДОНСКОТО ПРАВОСУДСТВО – Судија со секс-скандал стана претседател на најголемиот суд во државата на само неколку часа пред објавување на извештајот од ЕУ
Единствениот кандидат за претседател на Граѓанскиот суд во Скопје, Бесник Авдија, и покрај секс-скандалот со вработена во судот која била малтретирана од него и уценувана, ја доби довербата на членовите на Судскиот Совет и стана претседател на судот во Скопје кој всушност е најголем во Македонија.
За него гласаа 11 членови на Судскиот Совет, а бидејќи е предвидено и гласање по Бадинтер (припадници на заедниците) и при тоа изјаснување Бесник Авдија едногласно беше избран со 4 гласови. Сите членови ги слушнале информациите за тој судски секс скандал чија снимка беше објавена и Интернет односно на платформата Јутјуб, пренесува телевизија Телма.
Иако гласаа „ЗА“, членовите на Судскиот Совет сепак го спомнаа скандалот и се објаснуваа зошто и покрај него гласале за Бесник Авдија. Оценуваат и дека тој го поминал тестот за интегритет што според нив бил доволен доказ дека судија со секс-скандал зад себе во судска канцеларија сега може да го раководи судот каде што е направена контроверзната снимка.
„Настанот е од 2019 годиниа, според мои сознанија. Сметам дека тоа не е причина кога нема утврдени факти да во овој момент во советот со оглед дека се уште не е расправано по претставка поднесена од некое лице кое за себе не дало никакви податоци за контакт за да бараме да ја дополни претставка. Сметам дека не е причина за да не гласам за тој кандидат“, порача Мери Радевска, член на Судскиот Совет.
Важно е да се напомене дека изборот во Судскиот Совет се случи само неколку часа пред Европската унија да го објави извештајот за напредокот на државата во кој правосудството и натаму има оценки за слабости во кадровската политика на судот.